Симоне Инзаги се соочува со сериозни проблеми околу составот на Интер за продолжението од сезоната откако двајца стандардни првотимци се повредија за време на репрезентативната пауза.
Првиот голман Јан Зомер се повреди при настап за швајцарската репрезентација, додека стандардниот дефанзивец Стефан Де Фрај заработи повреда при тренинзите на холандската репрезентација. Двајцата веќе се вратија назад во Милано каде врз нив беа извршени детални прегледи, Зомер има истегнување на лигаментите во скочниот зглоб додека Де Фрај има проблем со мускулот на ногата.
Двајцата фудбалери ќе го пропуштат дуелот со Емполи претстојниот викенд, а неизвесно е дали ќе можат да настапат на следното гостување против Удинезе закажано за 8 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА