Англичаните против Белгија ќе настапат без презимиња на дресовите

Фудбалската репрезентација на Англија пријателскиот натпревар против Белгија на „Вембли“ ќе го одигра без презимиња на грбот на репрезентативците во второто полувреме.

Причина за тоа е подигнувањето на свеста за Алцхајмеровата болест со цел да се покаже дека луѓето со деменција можат да загубат драгоцени сеќавања.

„Се надеваме дека не само што ќе ги поттикнеме фановите да донираат за нашето истражуваање за рана дијагноза, туку и дека ќе ги поддржат најмилите еднакво како што го поддржуваат својот фудбалски тим“, изјави Кејт Ли, директорката на Друштвото за Алцхајмерова болест.

Се вчитува...