Жозе Мурињо во краток временски период успеа да и го донесе на Рома најголемиот успех освојувајќи ја Конференциската лига што е прв европски трофеј во клупската историја. Следната сезона стигна и до финалето во Лига Европа, но оваа сезона доби отказ по серијата на лоши резултати.
Мурињо се уште ја бара следната дестинација, а и покрај тоа што се шпекулираат повеќе ангажмани од Англија па се до Саудиска Арабија, Португалецот јавно стави дознаење дека никогаш повеќе нема да соработува со Тијаго Пинто, досекорешниот спортски директор во Рома кој и самиот замина од римскиот клуб на стартот на оваа година.
„Да му врачиш отказ на тренер значи дека нешто не си направил како што треба. Беше многу емотивно, работевме заедно две години. Мурињо добро знае дека бев негов војник последните две и пол години. Тензиите помеѓу тренер и спортски директор во текот на преоден рок се нормални, но тој знае дека му бев верен него, на клубот и на прокетот“, изјави Пинто во интервју за „Скај Спортс.
Сепак Португалецот не го дели мислењето со доскорешниот колега.
„Нема ни секунда од времето да одвојам за читање или слушање на интервју со господинот Пинто. Воопшто не ме интересира што има да каже“, изјави Мурињо кој одговори и дали некогаш повторно би соработувал со него.
„Не, сигурно не. Понекогаш се чини дека некои работи се можни, но во овој случај апсолутно нема шанса“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА