Бакиќ: Македонија е квалитетна, имаа и посед, но и ние дадовме максимум

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 1-0 од Црна Гора во пријателскиот натпревар кој беше одигран во Анталија, Турција. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Стеван Јоветиќ кој ја затресе мрежата непосредно пред крајот на првото полувреме.

Импресиите од натпреварот ги сподели искусниот црногорски репрезентативец Марко Бакиќ.

„Во репрезентацијата сум 13 ипол години и ова е еден од најдобрите периоди. Тука мислам на атмосферата и феноменалната работа, а како награда се овие две победи. Македонија е квалитетна репрезентација. Тие повеќе ја имаа топката, но ние дадовме максимум за да парираме. Имавме подобри шанси и на крајот славевме. Запишавме две победи во четири дена, тоа е голем мотив за иднината“, изјави Бакиќ.

Се вчитува...