Англичаните огорчени од фудбалерот на Арсенал: Го одби повикот на Англија и замина на одмор во Дубаи

Фудбалерот на Арсенал, Бен Вајт го навлече бесот на Англичаните откако го одби повикот за настап за сениорската репрезентација на Англија и репрезентативната пауза ја искористи за одмор во Дубаи.

Селекторот Герет Саутгејт уште на денот кога го објави списокот за пријателските натпревари против Бразил и Белгија доби прашање зошто на него го нема стоперот на Арсенал, а образложението беше дека го одбил повикот бидејќи не бил повикан во репрезентацијата од 2022 година кога замина од тренинг центарот во Катар пред осминафиналето и се врати назад во Англија.

Наводно Вајт има недоразбирања со помошниот тренер Стивен Холанд и не е задоволен од третманот кој го добива.

Целата ситуација ќе се обиде да ја поправи Деклан Рајс, соиграчот од Арсенал кој на утрешниот натпревар против Белгија ќе ја носи капитенската лента за прв пат.

„Кога ќе се вратам назад во Арсенал ќе разговарам со него и ќе видам дали можам да му го променам мислењето бидејќи тој е одличен фудбалер и ќе биде големо засилување за тимот. Но, тоа што можам да го кажам е дека тоа е негов живот, негова одлука и некој освен него не може да ја промени“, изјави Рајс.

Се вчитува...