Не помина долго време откако Анхел Ди Марија откри дека неговиот сон е да ја заврши кариерата таму каде што започна се, во дресот на Росарио Централ, пред неговото семејство во Аргентина да добие ужасни смртни закани.
„Кажете му на вашиот син Анхел да не помисли да се врати во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуљаро нема да те спаси“, беше една од пораките упатени до таткото на Ди Марија.
Инаку, Максимилијано Пуљаро е гувернер на провинцијата Санта Фе, од која Росарио е најголемиот град и главен град.
„Не оставаме пораки зад себе. Куршумите и телата остануваат зад нас“, била и анонимна порака упатена до семејството Ди Марија, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани полициски извори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

