Манчестер јунајтед тргнува по дефанзивецот на Јувентус

Манчестер jунајтед е заинтересиран за играчот на Јувентус и бразилски репрезентативец Глеисон Бремер, пренесуваaт италијанските медиуми. Бремер е член на Јувентус од 2022 година.

Тој има договор со торинскиот клуб до 30. јуни 2028 година, а бразилскиот фудбалер може да го напушти Јувентус со отштета од 58 милиони евра. Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Манчестер јунајтед во следните неколку недели ќе се обиде да ги интензивира преговорите за да се договори со Јувентус и бразилскиот репрезентативец.

Интерес за Бремер покажаа Челси, Ливерпул, Њукасл и Тотенхем. Тој во Јувентус пристигна во 2022 година од Торино за 44 милиони евра. За Јувентус оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна два гола.

Се вчитува...