Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година денеска од 14 часот ја очекува дуелот со Шведска во квалификациите за ЕП 2025.
Јасно е дека Швеѓаните ја носат фаворитската улога и покрај победата на Македонија од 0-1 на гостински терен во првиот меѓусебен дуел. Јасно е дека избраниците на Драган Канатларовски ги чека тешка пресметка, но сите во националниот тим се подготвени за максимално надигрување со фаворитот.
„На претходниот натпревар против Гибралтар очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, факт е дека затаи и реализацијата. Место да дадеме гол повеќе, нам ни се случи и хендикеп што загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап. Јасно е дека сега не чека силната Шведска која сигурно ќе сака одмазда за претходниот пораз. Но, ние сме подготвени и сигурно и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Мора да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот ако сакаме успех“ – вели селекторот Канатларовски.
Во претходното коло, избраниците на селекторот Драги Канатларовски, на домашен терен издвојуваа победа над селекцијата на Гибралтар со 1-0. Шведската селекција во пријателски натпревар славеше убедлива победа со 6-1 над Кипар. Во првото коло од овој квалификациски циклус, избраниците на селекторот Драги Канатларовски славеа на гостински терен со 0-1 против денешниот противник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА