Мемфис Депај е фудбалерот кој платил кауција за Дани Алвеш

Дани Алвеш е пуштен од затвор со оглед на тоа што е платена кауција од еден милион евра. Бразилецот помина 14 месеци зад решетки и сега е на условна слобода.

На многумина им беше чудно што самиот фудбалер, кој во кариерата заработил многу пари, ја нема потребната сума за кауција. Сепак, тоа беше факт, па пријателите мораа да дојдат на помош.

Најпрво Алвеш од уште поголеми казни го спаси Нејмар, кој на девојката што беше жртва и плати отштета од 150.000 евра, па казната беше намалена за 50 отсто, осуден е на четири и пол години затвор. Нејмар беше и главен кандидат да плати кауција од еден милион евра, но подоцна веројатно под притисок на јавноста се откажа од неа. Што автоматски значеше дека Алвеш мораше да помине уште неколку дена во затвор.

И тогаш се појави спасител, ни помалку ни повеќе од напаѓачот на Атлетико Мадрид, Мемфис Депај. Дани Алвеш и холандскиот фудбалер играа заедно за Барселона, не премногу долго, но очигледно станаа многу блиски.

Покрај оваа бројка, Алвеш морал да ги предаде и двата пасоши што ги поседува (бразилскиот и шпанскиот), а ќе биде под постојан полициски надзор, со забрана за приближување до жртвата на силување.

Се вчитува...