Дефанзивецот Рафа Марин ќе биде првото потпишано засилување на Реал Мадрид за наредната сезона, откако „кралевите“ донеле одлука да го ангажираат овие фудбалер кој има одлична сезона во дресот на Алавес.
Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој е дел од школата на Реал Мадрид, испратен во Алавес за да се здобие со неопходното искуство. Марин игра одлично за овој клуб, настапувајќи по 90 минути на дури 16 натпревари оваа сезона. Тренерот на Алавес е задоволен, но истото се однесува и на Карло Анчелоти и клупските скаути, кои испраќаат само позитивни извештаи за настапите на овој фудбалер.
Одлуката е веќе донесена, Реал Мадрид летово ќе го врати Марин на „Бернабеу“, воедно и ќе потпише нов петгодишен договор со овој талентиран фудбалер. Тој најверојатно ќе го заземе местото на Начо, 35-годишнот дефанзивец чиј договор истекува на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

