Македонија има позитивна „нула“ на полувремето против Шведска

Младата репрезентација на Македонија има позитивна „нула“ на полувремето против фаворитот Шведска во шестиот свој натпревар во квалификациите за ЕП 2025.

На дуелот кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје главно рамноправен меч и покрај тоа што Швеѓаните ја имаат постојаната иницијатива со многу поголем посед на топка. Но, сето тоа главно јалово без некоја поизразита шанса за противникот.

Македонија, пак, во финишот на првото полувреме имаше една убава можност преку Златков но неговиот удар од 16 метри заврши лесно во рацете на противничкиот голман.

Гиговиќ ја имаше најголемата шанса за Шведска во 45. минута. Шутираше убаво од десеттина метри, но Алчевски одлично интервенираше спречувајќи водство на гостите.

 

Се вчитува...