Само неколку дена после победата над Франција, Германија вечерва во пријателски меч како подготовка за ЕП во нивната земја ја совлада и Холандија со 2-1. Германците успеаја да направат пресврт откако губеа, и со тоа покажаа дека колку и да имаат смена на генерации и слаби имиња, не треба да се отпишуваат во битката за висок пласман.
Верман му донесе предност на холандскиот тим на контролата во Франкфурт, но Миделштад во 11. минута со прекрасен гол донесе изрманување.
Тој резултат беше актуелен се до 85. минута кога Филкруг донесе нова предност и победа за Германија.
Селекцијата на Португалија беше шокирана на гостувањето во Љубљана. Словенија со головите на Гнезда Чери и Елшник успеа да ги победи Роналдо и другарите.
Австрија уште еднаш покажа сила и ја совлада Турција со убедливи 6-1, додека Англија во последната секунда избегна пораз од Белгија на Вембли. Белгијците преку Тилеманс поведоа, а потоа Тони израмни од пенал. Тилеманс во 36. минута за нова предност, но Белингам во 95 минута ги спаси Англичаните.
Селекцијата на Швајцарија успеа да слави триумф над Ирска на гостински терен со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА