Далас го совлада САкраменто со 132-96 благодарение на Лука Дончиќ кој постигна 28 поени, а притоа забележа 11 скока и шест асистенции. Од 28 поени, дури 26 Словенецот ги постигна во првото полувреме, а Маверикс дојдоа до петтата победа во низа.
Почетокот на мечот мина во рамноправна борба, а потоа во втората четвртина Маверикс дојдоа во водство, кое се покажа како недостижно за Сакраменто. Во третиот период Далас стигна и до двоцифрена разлика, што придонесе за мирен финиш.
Кошаркарите на Ла Лејкерс беа во незавидна позиција во дуелот против Милвоки, но со неверојатен пресврт во последниот период, успеаја на крајот да се изборат за продолженија, и да ги поразат Јанис и другарите. На Лејкерс им беше тешко без Леброн, никако не успеваа да најдат решение за нападот на Милвоки, тим кој во еден моменти имаше предност од 19 поени разлика, а на полувреме замина со +16. Во последниот период Бакси влегоа со водство од +14, но таа разлика се стопи и во последните мигови Лејкерси дојдоа до израмнување, првпат од почетокот на натпреварот. И во продолженијата не почнаа добро гостите, но потоа се созедоа, го презедоа водството и на крајт славеа триумф од 124-128.
26 first-half points for the NBA’s leading scorer.
Luka things 🤯
Catch the 2H on TNT & TruTV pic.twitter.com/8VO1aZLXal
— NBA (@NBA) March 27, 2024
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Голден Стејт 92:113
Милвоки ЛА Лејкерс 124:128
Њу Орлеанс – Оклахома 112:119
Сакраменто – Далас 96:132
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА