Ракометарите на Кјелце направија крупен чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва славеа на гостувањето кај дански Гог со убедливи 25-33 во првиот меч од осминафиналниот двомеч во елитата.
Избраниците на Талант Дујшебаев сите дилеми околу победникот ги решија уште во првото полувреме по кое имаа осум голови предност 10-18. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 25-33. Алекс Дујшебаев со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените по четири постигнаа Закариасен и Мадсен.
Во четвртфиналето Кјелце кој само рутински треба да ја заврши работата за една недела во Полска ќе го има актуелниот шампион, германскиот, Магдебург против кого ќе бара одмазда за поразот минатата сезона во финалето на Ф4 турнирот во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА