ППД Загреб и Монпелје одиграа без победник 27-27 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во ракометната Лига на шампиони.
Натпреварот почна многу лошо напаѓачки и на двете страни, но дефинитивно многу полоши беа домаќините кои за 14 минути постигнаа само еден гол, а резултатот на семафорот на влезот во 15 минута изнесуваше (1-4). Како одминуваше вториот дел и двата тима заиграа за нијанса подобро па на пауза се замина со предност од два гола на францускиот великан 11-13.
Во вториот дел продолжи големата борба на двете страни, a натпреварот влезе во неизвесна завршница откако на минута и половина до крајот беше нерешено 27-27. И двата тима не успеаја да постигнат гол во финишот, па резултатот на семафорот остана 27-27. Звонимир Срна со шест гола беше прво име кај домаќините, додека кај гостите Диего Симонет и Сташ Скубе постигнаа по шест гола.
Реваншот на овој меч е за една седмица, а победникот во четвртфиналето ќе игра против германскиот Кил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА