Наполи и официјално потврди дена нивната ѕвезда Квича Кварацхелија има повреда на адукторот на левата надколеница. Крилниот напаѓач ја заработи повредата во продолженијата за време на бараж натпреварот помеѓу Грузија и Грција, со кој неговата селекција обезбеди историски пласман на ЕП 2024.
Од краткото соопштение, не можеше да се заклучи колку ќе паузира Грузиецот. Според „Скај Спорт“, самиот фудбалер сака да биде во тимот за натпреварот со Аталанта, и покрај повредата.
Меѓутоа од Наполи нема да ризикуваат, и последниот збор ќе го имаат лекарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА