Скандал во БИХ: Му се заканувале на најдобриот судија, тој не сака да го суди дербито

Најдобриот судија во БИХ, Ирфан Пељто, пријавил закани кој ги добил преку телефон, а за истите ги исвестил и во Фудбалската федерација на БИХ. Поради заканите упатени кон него и неговото семејство, не сака да го суди големото дерби помеѓу Сараево и Железничар.

Пељто се заканил дека ќе поднесе кривилна пријава против лицата кои му се заканувале нему и на неговото семејство, а исходот ќе биде познат во слдните неколку недели. Засега е јасно дека Пељто нема да го суди дербито.

Неодамна овој арбитар ја делеше правдата на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Реал Мадрид, а сега има проблеми на домашните натпревари. Не е познато дали Пељто ќе продолжи да суди во домашното првенство.

Се вчитува...