Европската фудбалска федерација (УЕФА) на состанокот идниот месец ќе расправа за можност за проширување на списокот на играчи на престојното ЕВРО 2024 во Германија. Според сегашните правила, секоја репрезентација може да пријави 23 играчи, а предложено е списокот да биде продолжен на уште тројца, односно вкупно 26 играчи. Оваа одлука би била добродојдена за сите селектори на земјите учеснички.
Германската ДПА пренесува дека таков предлог до УЕФА упатила и неколку репрезентации кои ќе учествуваат на овој турнир.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите кои се однесуваат на бројот на членовите на поединечни селекции на ЕВРО 2024. Работната група на УЕФА ова ќе го разгледа на 8. април“, објави УЕФА.
На последното ЕВРО можеа да се одберат 26 играчи поради пандемијата на коронавирусот. 26 играчи ќе може да се пријават и на Мундијалот 2026 година. Ако ова се прифати, тогаш и на идните Европски првенства списокот ќе биде 26 играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА