Партизан направи огромен чекор наназад во трката за плејин натпреварувањето од Евролигата откако АБА-шампионот го загуби домашниот дуел со Олимпијакос со резултатот . Ова дефинитивно е еден од најболните порази за тимот на Жељко Обрадовиќ, ако се знае дека „црно-белите“ имаа предност од 13 поени на стартот од последната четвртина, но ја прокоцкаа огромната позитива останувајќи со празни раце и покрај огромната поддршка од трибините.
Мечот беше израмнет во првите две четвртини, за Партизан во самиот финиш од вториот период до серија од 11-2 да се одлепи и на одмор да замине со водство од 40-32. Тимот на Обрадовиќ делуваше одлично во третиот период, за момент имаше и 14 поени предност, а во последните 10 минути влезе со „плус 13“. И тогаш, наместо печат на победата следеше неверојатен пад, пред се во нападот. Се промашуваа бројни шутеви, а на спротивната страна Вилијамс Гос погоди две среќни тројки од далечина и целосно го врати гостинот во игра. Пантер со четири поени во низа само за момент донесе водство на Партизан, но гостите од Грција беа подобри и посмирени во последните две минути, добивајќи ја четвртата четвртина со 10-28 и стигнувајќи до огромна победа.
Вилијамс Гос постигна 17 поени, а Папаниколау стрелаше за 13 поени во својот тим, додека најефикасни кај Партизан беа Пантер со 19 и Камински со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА