Карлос Алкараз славеше на турнирот во Индијан Велс и важеше заглавен фаворит и во Мајами, но шпанскиот тенисер не успеа да се пласира во полуфиналето на овој Мастерс-турнир откако загуби во полуфиналната пресметка од Григор Димитров со 2-0 во сетови.
Бугарскиот тенисер, кој е 12 години повозрасен од Шпанецот, му одржа тениска лекција на Алкараз доминирајќи од почеток до крај за убедлива победа од 6-2, 6-4. Димитров одигра маестрално, со дури 24 винер-удари исфрлајќи го шпанскиот ас целосно од ритам. Димитров го изненади Алкалаз и со честите излегувања на мрежа, каде бугарскиот тенисер освои вкупно 12 поени (од 16 вакви обиди).
Тој станува сериозна пречка за Алкараз ако се знае дека синоќешната победа беше втора во низа за Димитров над младиот Шпанец откако претходно го победи и во Шангај минатата година.
Негов ривал во полуфиналето ќе биде Александар Зверев, кој триумфираше со 6-3, 7-5 во пресметката со Фабијан Марожан. Димитров ќе се обиде да стигне до десеттото мастерс-финале во кариерата, а досега има само еден трофеј на овие турнири (во Синсинати во 2017). Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Синер и Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

