Жељко Обрадовиќ не го криеше разочарувањето откако Партизан загуби уште еден меч во кој беше многу блиску до победата, откако „црно-белите“ прокоцкаа предност од 13 поени во последната четвртина од дуелот со Олимпијакос.
АБА-шампионот имаше водство од 59-46 на стартот од четвртата четвртина, но тогаш дојде до тотален распад во играта на Партизан, грчкиот гигант ги доби последните десет минути со преубедливи 10-28 и со голем пресврт стгна до пбоедата.
„Пред се, честитки до Олимпијакос за победата. Очигледно е дека последната четвртина реши се, одигравме очајно во тие десет минути и затоа ја загубивме средбата. Не станува збор за енергетски пад, туку за бројот на загубени топки. Глупаво загубени топки што ние им ги дававме во раце на противниците кои лесно реализираа на спротивната страна. Кога имаше водство од 13 поени во последната четвртина треба да играш паметно, да ја казнуваш нивната одбрана, а ние не го правевме тоа. Бевме нестрпливи, шутиравме нерезонски и се почна од тоа“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА