Вилијамс Гос објасни зошто игра најдобро против Партизан: Ги обожавам овие натпревари

Американскиот кошаркар Најџел Вилијамс-Гос беше „икс факторот“ во победата на неговиот Олимпијакос на гостувањето кај Партизан во 32. коло од Евролигата. Бекот одново одигра блескав натпревар во Белград постигнувајќи 17 поени и по три скокови и асистенции.

Ова не е прв пат поранешниот кошаркар на Партизан да одлучи натпревар во „Штарк Арена“, така беше и во минатосезонското четвртфинале кога во дресот на Реал Мадрид имаше запазена улога во третиот и четвртиот натпревар од плеј-оф серијата.

„Ова беше важен натпревар за двата тима. За победа на гостински терен треба да бидеш мирен во клучните моменти во ваква атмосфера. Огромна победа за нас. Обожавам да играм тука, ги сакам овие навивачи и сите знаат што мислам за Партизан, за овој град и неверојатно е чувството повторно да бидам тука.

Секогаш се случува да имаме клучен натпревар кога доаѓам во Белград, а јас таквите натпревари најмногу ги сакам. Мислам дека таа комбинација го вади најдоброто од мене“, изјави Вилијамс-Гос.

Се вчитува...