Новиот селектор Андов го соопшти списокот на женската селекција за квалификациските дуели со Летонија и со Словенија

Женската А репрезентација на Македонија под водство на новиот селектор Александар Андов го започнува циклусот на квалификации (лига фаза) за пласман на Европско првенство, кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

На почетокот на април, нашата женска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Летонија и Словенија.

На 5. април во Рига ќе и гостуваме на селекцијата на Летонија, со почеток во 17 часот. На 9. април на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Словенија. Дуелот против Словенија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 15 часот.

Подготовките на македонската женска репрезентација ќе стартуваат на 1. април.

Новиот селектор, Александар Андов, за квалификациските мечеви со Летонија и Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи   Карсон, САД

Викторија Панчурова   Тиверија

Миа Петровска   Бохум, Германија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчкахути, Грузија

Ане Бошевска   Тиверија

Павлинка Николовска   Љуботен

Викторија Недева   Тиверија

Елена Петровска   Љуботен

Кристина Мојсоска   Ас Јунајтед

Елена Панеска   Каменица Саса

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска   Ас Јунајтед

Радица Велкова   Каменица Саса

Хава Мустафа   Шкендија

Александра Марковска   Љуботен

Марјана Нацева   Борусија Дортмунд, Германија

Рабија Дервиши   Скопје 2014

Икмете Лимани   Св Веинберг 67, Германија

Наташа Андонова   Леванте, Шпанија

НАПАД: 

Јилза Максути   Ас Јунајтед

Афродита Салихи   Шкендија

Теодора Шопов   Тиверија

Стефанија Маринковска   Каменица Саса

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Се вчитува...