Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми. Интер игра одлично оваа сезона, во поголемиот дел од е лидер во италијанското првенство и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, па затоа нов договор за тренерот е само логичен редослед на настаните.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година, па клубот сака да му обезбеди подолг престој, со што ќе му понуди продолжување до 2027 година. Симеоне пристигна во миланскиот клуб во 2021 година по неговиот ангажман во Лацио.
Оттогаш има освоено вкупно пет трофеи – два Купа на Италија и три италијански Суперкупа. Минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а оваа сезона како што стојат работите ќе го освои првото Скудето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА