Од следната сезона Селтик и Ренџерс повторно ќе им дозволат на гостинските навивачи да бидат присутни на најголемото дерби на шкотскиот фудбал. „Околу 5 проценти“ од билетите ќе бидат поделени на гостинската екипа.
Веста ја соопшти шкотската премиерлига, наводно по разговорите со двата клуба. Договорот не важи за двете дербија на Олд Фирм кои ќе се играат до крајот на оваа сезона. Ренџерс ќе биде домаќин на 7. април, а во плеј-офот дербито ќе се игра на теренот на Селтик.
Поради безбедносни проблеми, но и поради расправија за билети, гостинските навивачи веќе некое време не доаѓаат на најстарото дерби на светот. Според новиот договор, околу 2.500 навивачи на Селтик ќе можат да дојдат на „Ајброкс“, додека околу 3.000 навивачи на Ренџерс ќе одат на „Селтик парк“.
До 2018 година, на двата стадиони присуствуваа околу 7.000 гостински навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

