Кошаркарите на Фенербахче немаа милост кон фенерџијата во Евролигата, тимот на Алба Берлин, и го совладаа убедливо со 103-68. Со тоа турскиот тим направи голем чекор кон директниот пласман во 1/4 финалето на најелитното кошарско европско натпреварување.
Уште по првата четвртина се виде кој е кој во овој дуел, и дека Фенер ќе слави победа, откако ја доби со 34-18. Во вториот дел Алба колку толку се врати, и го доби периодот со 22-18, намалувајќи од разликата на домашните.
Сепак, клучната разлика се случи во третиот период, кој Фенер го доби со 31-13, и во последната четвртина веќе се беше познато, се чекаше само да се види со која разлика ќе триумфира турскиот тим.
Најџел Хејс Дејвис испиша историја постигнувајќи 50 поени, што е најмногу на еден меч во Евролигата.
18 POINTS IN THE FIRST QUARTER 😳😳😳@NIGEL_HAYES is BALLING OUT 🔥 pic.twitter.com/T3sTq31dSH
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА