Екипата на Карабах повторно стана шампион на Азербејџан. Екипата ја освои 11-тата титула во историјата. Ова стана официјално по одигрување на 28. коло.
Иако до крајот има уште осум кола, сепак, Карабах направи недостижна предност пред останатите ривали (во моментов Нефчи) од 26 бодови.
Карабах оваа сезона стигна и до 1/8 финалето во Лигата на Европа, каде беше пред пласман во следната фаза и пропушти голема можност да го елиминира Баер Леверкузен. Во првиот меч имаше предност од 2-0, а Германците израмнија во последните секунди. На вториот меч исто така имаа водстов од 0-2, но во финишот лидерот во Бундеслигата направи пресврт и обезбеди пласман во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

