Барселона му понуди нов договор на 17-годишниот вундеркинд Пау Кубарси. Младиот дефанзивец во моментов има договор до 2026 година, а Барселона планира да го „врзе“ до 2030 година, со откупна клаузула од 1 милијарда евра.
Барселона се надева дека до крајот на сеозната ќе ги заврши преговорите со Кубарси, кој покрај Барселона, дебитираше и за сениорскиот национален тим на Шпанија во поразот од Колумбија и во ремито со Бразил. Во тие натпревари одигра вкупно 16 минути.
Во тимот на Чави стана стандарден на крајот на јануари, и досега одигра 13 меча за првиот тим. Во моментов вреди 25 милиони евра. Во дебито во Лигата на шампионите против Наполи на домашен терен, беше прогласен за играч на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА