Кошаркарите на Денвер се поразени од Минесота на домашен терен со 98-111, и така останаа без првата позиција во Западната конференција. Актуелниот првак во еден миг губеше и со 26 разлика, но на крајот успеа да намали, и да воведе колку толку интересна завршница.
Ниту одличната партија на Јокиќ не беше доволна за Нагетс. Србинот уфрли 32 поени, и беше најефикасен на средбата, а притоа запиша и 10 скока и пет асистенции.
Сан Антонио Спарс во продолженијата успеа да го скрши отпорот на Њујорк и да дојде до триумф. Натпреварот заврши 130-126, а вечер за паметење има Виктор Вембенјама. 20-годишникот висок 224 сантиметри мечот го заврши со 40 постигнати поени и 20 скока, што е рекорд на еден дебитант после 1993 година и легендарниот Шекил О’Нил кој тогаш постигна 43 поени на еден натпревар како дебитант. Сепак, тој не беше најефикасен на средбата, затоа што кошаркарот на Њујорк, Брансон постигна 61 поен.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Голден Стејт 97:115
Индијана – ЛА Лејкерс 109:90
Орландо – ЛА Клиперс 97:100
Вашингтон – Детроит 87:96
Бруклин – Чикаго 125:108
Кливленд – Филаделфија 117:114
Мајами – Портланд 142:82
Оклахома – Феникс 128:103
Сан Антонио – Њујорк 130:126
Денвер – Минесота 98:111
Јута – Хјустон 100:101
Сакраменто – Далас 103:107
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

