Бугарскиот тенисер Григор Димитров продолжи да блеска на турнирот во Мајами, и после победата над Карлос Алкараз, со сруши и Александар Зверев, и се пласираше во финалето на Мастерсот во Мајами.
Димитров успеа да слави со 2-1 (во сетови 6-4, 6-7 и 6-4). Со тоа првпат после 2018 година Димитров се врати меѓу најдобрите 10 на листата.
Во финалето ќе игра против Јаник Синер, кој го совлада Медведев и закажа финале на овој Мастерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА