Андреј Јакимовски, еден од најдобрите млади македонски кошаркари, откри дека сериозно размислува да се пријави на престојниот НБА драфт. Со тоа може да стане вториот македонски кошаркар кој ќе игра во НБА Лигата, по Перо Антиќ.
Вашингтон Стејт му се заблагодари за четирите минати години, но му остави можност да одигра уште една сезона.
„Одлучив да ги разгледам сите опции за трансфер, размислувам и да се обидам на НБА драфтот. Во исто време имам шанса да се вратам во Вашингтон Стејт“, напиша Јакимовски на социјалните мрежи.
— Andrej Jakimovski (@andrejjaki23) March 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА