Ако им се верува на вестите од Италија, Наполи ја продаде својата најголема ѕвезда Виктор Осимен и тоа за 120 милиони евра, што е рекорден трансфер за актуелниот првак.
Новинарот на радиото „Кис Кис“ Карло Алвино откри дека Наполи склучил договор за продажба на својот голгетер, притоа не откривајќи кој е „купувачот“.
ПСЖ и Челси беа најзаинтересирани за услугите на 25-годишниот голгетер, и за очекување е еден од тие два клуба да биде следната дестинација за Нигериецот.
Осимен во оваа сезона не е на нивото од лани, кога на Наполи му ја донесе титулата. Една од причините се повредите, со оглед дека во оваа сезона играше само на 17 натпревари и постигна 13 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА