Легендарниот голман на Паргавај, Хозе Чилаверт повторно го нападна бразилскиот интернационалец Винисисус Јуниор. Му пречеше тоа што фудбалерот плачеше на прес-конференцијата за Бразил пред мечот со Шпанија.
Чилаверт му испрати жестока порака до Бразилецот.
„Не биди пед*р, фудбал е за мажи“, напиша Чилаверт.
Сега легендарниот голман смета дека Винисисус претерува во својата глума, најпрво плаче, а потоа глуми жртва.
„Што е тешко во моите зборови. Што размислувам со здрав разум? Зошто плачеше? Рече дека сака подобар живот за црнците, а шта треба белците да прават? Треба ли да се убиеме? Немојте да ја искривуваме сликата. Дискирминација постои секаде. Напишав дека фудбалот е за мажи, да не биде пед*р. Тоа во Парагвај не е навреда. Камерите на Нетфликс беа таму на прес конференцијата за да снимаат документарец, и тој почнува да плаче. Што би требало да прави жена која рани четири деца. Нејзе не и се плаче? Игра за Реал Мадрид, има што ќе посака, и покрај тоа, тој прв ги напаѓа протвничките ривали. Каде беше кога бразилската полиција немилосрдно ги тепаше навивачите на Бока. Маваа жени, деца, старци“, рече Чилаверт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА