Шведски фудбалер направи трансфер, па прекинал комуникација со семејството

Познатиот шведски фудбалер Емил Форсберт, направи шокантен трансфер, откако од Лајпциг зимава се пресели во Њујорк Ред Бул во САД.

Селидбата дошла, како што кажа, од „заситување“ од Германија. Меѓутоа покрај заситеноста од Бундеслигата, веројатно се заситил и од неговата сопруга, на која престнал да и се јавува по трансферот во САД.

Според зборовите на Шанге Форсберг, фудбалерот прекинал контакт со неа и со нејзините две деца, па поднела барање за развод. Емил тоа го дознал од социјалните мрежи.

„Се разделуваме. Зборовите кои мислев дека никогаш нема да им ги кажам на моите деца, и натаму делуваат нествартно. Те сакав повеќе од се, но и љубовта има свои граници. Новиот почеток во Њујорк очигледно беше нов почеток и за тебе и твојот живот Само јас не знаев за тоа. Но, брзо стана болно јасно. Имаш и планови за иднина, а ние не знаевме за тоа“, напиша Шанга, и сподели фотографии на социјалните мрежи.

Се вчитува...