Хрватскиот тренер Игор Тудор на дебито за Лацио успеа да го победи Јувентус и тоа со гол во последните моменти од натпреварот. Со тоа ја продлабочи кризата кај „Старата дама“ која има само една победа на последните девет натпревари.
Момент на одлука беше 93. минута кога Адам Марушиќ успеа да постигне гол и да дојде до трите бода. Гендузи му испрати долга топка на Марушиќ кој со глава го совлада Шчесни, за голема радост во Рим.
За гостинскиот тим дебитираше Никола Секулов, кој влезе во вториот дел. Станува збор за играч од македонско потекло, кој одлучи да игра за Италија наместо за нашата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА