Веднаш по разделбата на Новак Ѓоковиќ со досегашниот свој тренер Горан Иванишевиќ во светот стартуваа шпекулациите околу неговиот заменик. Или, заменичка!?
Иако во прв момент можеби звучи нереално, но две дами – Амели Морезмо и Кончита Мартинез, се спомнуваат како први фаворитки за нов тренер на Новак Ѓоковиќ.
Овие две легендарни тенисерки по крајот на своите кариера преминаа во тренерските води, со значително искуство во работата со тенисери, па многумина ги гледаат како идеални на позицијата тренер на Новак Ѓоковиќ. Верувањата се дека доколку Амели или Кончита би биле во тренерскиот бокс, и однесувањето на Новак за време на натпреварите би било сосема поинакво. Затоа што нему сега најмногу му е неопходен мир и трпение, а не изливи на бес и нервоза.
Амели Морезмо досега соработуваше со Енди Мареј и Лук Пујо, а беше предводник и на Дејвис куп репрезентацијата на Франција. Во моментов е директорка на Ролан Гарос, но не крие дека повик од Новак би променил се.
Кончита Мартинез, пак, исто така ја тренираше машката репрезентација на Шпанија, а пред неколку години доби признание од ВТА за најдобар тренер на годината.
Не треба да се заборави и Џуди Мареј која важи за големо име меѓу дамите кои се тренери во тенисот. И таа се спомнува како една од опциите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА