Приведени 36 навивачи по најголемото хрватско фудбалско дерби

Сплитската полиција пред, за време и по натпреварот меѓу Хајдук и Динамо Загреб кој се играше на „Пољуд“, привела 36 навивачи и пронашла повеќе од 200 парчиња забранета пиротехника.

Навивачите се уапсени поради кршење на Законот за спречување на нереди на спортските натпревари и реметење на јавниот ред и мир. Од осомничените се запленети повеќе од 200 парчиња пиротехника.

Дербито на „Пољуд“ го следеа 32.000 навивачи од кои 1.500 гостински. Фудбалерите на Динамо Загреб славеа голема победа од 0-1 со која сега силно чекорат кон одбрана на титулата во шампионатот на Хрватска.

Се вчитува...