Албанските фудбалери од следната сезона во Серија А ќе играат како домашни фудбалери

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука објави дека албанските фудбалери кои играат во Италија, и секако оние кои во иднина ќе настапуваат на Апенинскиот полуостров, од следната сезона ќе имаат статус на домашни фудбалери.

Оваа одлука а на највисоко државно ниво, по посетата на премиерот Еди Рама на Италија, и договорот со италијанската влада.

Ова е историска одлука која ќе биде на сила од сезоната 2024/25…

„Историски момент, добри вести за албанските фудбалери и албанскиот фудбал до кој дојдовме по јануарските преговори со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина. Ова е одлична можност за албанските фудбалери кои така ќе може полесно да заиграат во една од најсилните лиги во Европа“ – напиша Дука во информацијата на социјалните мрежи.

Се вчитува...