Хрватот Игор Тудор победнички го почна својот мандат на клупата на Лацио. Во дебито на клупата на римскиот клуб, славеше со 1-0 во драматична завршница против Јувентус со гол на десет секунди пред крајот на натпреварот.
„На подобро деби не можев да се надевам. Прекрасно е кога ќе се победи на ваков начин. Навистина ми е драго за играчите, не можевме подобро да го почнеме заедничкото искуство“ – изјави Тудор по дуелот.
Лацио и следниот свој натпревар ќе го игра против Јувентус, но сега во полуфиналето од италијанскиот куп.
Tudor ha ucciso Allegri con la sua stessa arma assurdo#LazioJuventus pic.twitter.com/4ASYBXGtHW
— DariusTheThird (@DreamChaserIIII) March 30, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА