Салах го однесе Ливерпул на врвот, па сега мирно ќе го гледа дербито на „Етихад“… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул сосема заслужено дојдоа до триумф во 29-от свој натпревар сезонава во Премиерлигата, победувајќи пред своите навивачи со 2-1 против екипата на Брајтон.

А, натпреварот почна со непосакуван тек за тимот на Јирген Клоп откако гостите поведоа уште во 2. минута со голот на Велбек.

Но, јасно беше дека „црвените“ нема да дозволат така лесно изненадување на „Енфилд“. Па, сериозната иницијатива вроди со плод во 27. минута кога Диаз израмни на 1-1.

Во второто полувреме, во 65. минута Салах стрелаше поставувајќи ги конечните 2-1.

Со оваа победа Ливерпул заседна на врвот во Премиерлигата, па сега мирно ќе може сите во тимот да го следат дербито на „Етихад“ меѓу Манчестер сити и Ливерпул кое почнува од 17:30 часот.

Се вчитува...