Лигата на шампионите го менува форматот од следната сезона, а тоа доведе до зголемување на наградниот фонд кој од две милијарди евра се зголеми на 2,5 милијарди.
За пласман во елитното европско натпреварување клубовите наместо досегашните 15,64 милиони ќе инкасираат 18,62 милиони евра. Секоја победа ќе донесе 2,1 милиони евра на сметката на учесникот, додека нерешено ќе донесе 0,7 милиони.
Да потсетиме, следната сезона во Лигата на шампионите наместо досегашните 32 ќе играат 36 клубови. Нема повеќе групна фаза туку се игра една лига. Во новиот формат, секоја екипа ќе игра осум наместо шест натпревари. Веќе нема да играат против истите противници дома и на гости.
Првите осум од табелата ќе се пласираат директно во осминафиналето. Екипите пласирани од 9 до 24 место ќе играат во второто коло (еден натпревар дома и еден на гости) за да се пласираат во најдобрите 16.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА