Екипата на Болоња игра одлично во Серија „А“ и оди кон историски успех и пласман во Лигата на шампионите. Овој тим лесно славеше триумф над фенерџијата Салернитана и дојде до осмата победа во последните девет кола.
Рикардо Орсолини погоди за предност во 14. минута, а Салемакерс со прекрасен гол го зголеми водството на 2-0, за во судиското надополнување Ликојанис ги постави конечните 3-0.
Можеше победата да биде и поубедлива ако беа искористени неколку шанси, но и на оваа победа ќе се радуваат домашните навивачи, кои сонуваат нивниот тим да избори место во најелитното натпреварување во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА