Суперкомпјутер го пресмета шампионот на Премиерлигата

Ремито на Манчестер Сити и Арсенал без голови во дербито на 30. коло од Премиерлигата го прославија навивачите на Ливерпул. „Црвените“ пред средбата на овие два клуба стигнаа до нови три бода славејеќи со 2-1 против Брајтон и се искачија на врвот на табелата во елитното англиско првенство.

Ливерпул сега има два бода предност пред второпласираниот Арсенал, три повеќе од Манчестер Сити, а според суперкомпјутерот на популарната „Опта“ оваа предност ќе биде доволна за нова титула во Премиерлигата.

Ливерпул сега има за 12.4 отсто поголема шанса за освојување на трофејот и е прв фаворит со 47.7 отсто можност за исполнување на предвиденото. Интересно, на второто место останува Манчестер Сити и покрај тоа што е трет на табелата со 33.5 отсто можност за титула, а шансата на Арсенал е само 18.8 отсто.

Се вчитува...