По шокантните сцени на дербито на 30. коло во турското првенство помеѓу Трабзонспор и Фенербахче кои го обиколија светот раководството на трофејниот тим од Истанбул најави пресконференција во вторник во која ќе биде соопштено и дали тимот ќе превземе драстичен потег и ќе го напушти тамошниот елитен фудбал.
Според претседателот на клубот, Али Коч постојат две опции од која првата не доаѓа во предвид.
„Време е на цела Турција да и покажеме дека е доста. Ножот дојде до коска и исече, само што не ни ја откорна ногата. Постојат две опции. Првата е да не превземеме ништо, а тоа е најлошото нешто ако не прашувате мене. Постои и ексремна опција, а тоа е заминување од првенството. Раководството на клубот ќе донесе конечна одлука во вторник“, изјави Коч.
Турските медиуми информираат за денешен состанок помеѓу фудбалерите и раководството на клубот на кој претседателот Коч го слушнал и ставот на актерите на неговиот тим. Во името на фудбалерите говорел капитенот Един Џеко кој порачал дека се свесни за неправдата, но и дека сцените од Трабзон ги направила уште посилни и дека фудбалерите се подготвени да се борат за преостанатите трофеи во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА