Реал Мадрид стигна до нова победа во 30. коло од Ла Лига откако славеше на „Сантијаго Бернабеу“ со 2-0 против Атлетик Билбао во натпревар во кој два пати мрежата ја тресеше Родриго.
Бразилецот по натпреварот имаше и интересна изјава во која го спомена и долгоочекуваното засилување Килијан Мбапе кое може да биде на негова штета со оглед на тоа што шпанските медиуми најавуваат дека ќе токму 23-годишникот биде „жртвено јагне“ за реализација на трансферот на Французинот.
„Задоволен сум од победата, уште еднаш покажавме дека сме први фаворити за титулата. Најважно ми е тимот да реди победи, а личниот учинок го ставам во втор план. Не знам што носи иднината, но летово очигледно ќе биде турбулентно, особено поради најавениот трансфер на Мбапе.
Не сум сигурен што ќе се случи, во соблекувалната имаме премногу добри играчи. Последниот збор е на управата и стручниот штаб, а ние ќе мораме да се прилагодиме на новините. Се надевам дека доаѓањето на Мбапе нема сериозно да влијае врз минутажата на други играчи“, изјави Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

