Рома испушти значајни бодови во битката за место во Лигата на Шампионите за престојната сезона откако во 30. коло ремизираше без голови на средбата против Лече.
Избраниците на Де Роси на овој натпревар влегоа како апсолутни фаворити, но пред 40 илјади навивачи на стадионот во Рим не успеаја да ги искористат своите шанси. На крајот на средбата „волчицата“ може да биде и задоволна со освоениот бод со оглед на тоа што во петтата минута од судиското продолжение обидот на Реми Удин заврши покрај пречката.
Рома со 52 освоени бодови останува на петтото место на табелата, додека Лече и понатаму ќе води битка за опстанок со 29 освоени бодови, четири повеќе од зоната за релегација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА