Саул го врати Атлетико Мадрид меѓу ТОП 4

Атлетико Мадрид стави крај на серијата од два порази во низа со триумф во дербито на 30. коло во Ла Лига против Вилјареал со 1-2 притоа ставајќи крај и на серијата од четири победи во низа на тимот од „Естадио Керамика“.

Аксел Витсел со гол од корнер во 9. минута го доведе Атлетико Мадрид во водство, а предноста од 0-1 „јорганчиите“ ја задржаа до полувремето. Во 50. минута Сорлот изедначи на 1-1 со одличен удар, а херојот на гостите од Мадрид беше Саул кој на асистенција на Азпиликуета од работ на шестнаесетникот ги постигна конечните 1-2.

Со новите три бода Атлетико Мадрид се врати на четвртата позиција на табелата со 58 бодови, додека Вилјареал останува на средината на теренот со 38 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...