„Ливерпул не е фаворит за титула во Премиерлигата“

Трката за шампионскиот трофеј во Премиерлигата речиси никогаш не била толку возбудлива на осум кола до крајот. Дури три екипи се натпреваруваат рамноправно и неблагодарно е да се прогнозира дали Ливерпул, Арсенал или Манчестер Сити први ќе ја поминат целта први.

Легендарниот голгетер Алан Ширер истакнува дека секој од тројцата кандидати има свои адути. Иако Ливерпул моментално е прв, Ширер не ги гледа како најголеми фаворити.

„Натпреварот против Брајтон не беше брилијантен, но видовме дека не мора да биде така кога имаш таква деструктивна моќ во нападот како што има Ливерпул. Тоа е нивната сила, но не ги гледам како прв фаворит. Мислам дека ќе има уште пресврти“, изјави Ширер. 

Се вчитува...