Нови критики кон Халанд: Рој Кин беше во право… додава како голман (ВИДЕО)

Ерлин Халанд се најде на мета на критичарите по натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал во 30. коло од Премиерлигата. Во ремито без голови норвешкиот голгетер беше невидлив па поранешната ѕвезда на најсилното англиско првенство, Рој Кин го стави во рангот на четвртолигашки напаѓач.

Во полза на Халанд не оди ниту денешното видео од тренинг центарот на Манчестер Сити каде напаѓачот разочара со играта со топка. Навивачите веднаш го прозваа за недостатокот на техника со лавина на коментари.

„Рој Кин беше во право кога рече дека Халанд е во рангот на четвртолигаш во секој момент освен кога треба да се постигне гол“, „Фантастичен напаѓач, лош фудбалер“, „Додава како голман“, „Замисли, напаѓач во Премирелигата кој е висок 190 сантиметри и има нула техника“, „Халанд е доказ дека да си најдобар голтетер во Европа и да си Златна топка не е исто“, се дел од коментарите.

 

Се вчитува...