Интер е на прагот да го осигура најважниот потпис оваа сезона, а тоа е продолжување на договорот на италијанскиот репрезентативец Николо Барела.
Играчот за врска има договор со Интер до 2026 година, но интересот кој го прикажа Манчестер Сити за неговите услуги го вклучи алармот кај раководството на клубот од Милано. Според италијанските медиуми договорот е постигнат и останува само да се официјализира соработката со важност до 2029 година.
Барела e дел од Интер од 2020 година каде премина од Каљари. Оваа сезона на 29 одиграни натпревари во Серија А постигна шест асистенции и два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА